Правила и Пријавување на тим

ПРАВИЛА
- Се пријавува тим од 4 - 6 члена;
- Котизацијата за пријавување на тим е 20 евра по учесник;
- Секој тим мора да е пријавен од страна на компанија;
- Компаниите може да пријавуваат повеќе од еден тим;
- Еден тим мора да избере најмалку 4 спорта во кои ќе се натпреварува;
- Eден член од тимот може да се пријави да учествува во повеќе различни спортови согласно правилата кои се наведени во пријавата;
- Секој тим треба да учествува и во Adventure Games;
- Секој тим сам одлучува кои членови во која игра ќе учествуваат во Adventure Games;
- Секој тим мора да има барем една жена учесник;

НАПОМЕНА: Право на учество имаат оние кои активно (професионално) не се натпреварувале од 2008/2009 година.

____________________________________________________________________________________________________________

БОДУВАЊЕ
- Во бодирањето во SPORT CHALLENGE влегува само најдобриот резултат од тимот од секоја дисциплина;
Пример: Доколку од еден тим двајца натпреварувачи учествуваат во стреличарство, во главниот резултат ќе се брои само еден резултат, односно, резултатот/бодовите од оној кој е подобро пласиран во однос на другиот.
- Бодувањето во Adventure Games е според постигнатите резултати (најдобро време за извршување на активноста) на секоја поединечна игра;
- На крај се собираат поените од двата дена, од Sport Challenge и Adventure Games и се прогласуваат најдобрите тимови според листата на бодување;

Повеќе информации околу бодовната табела може да најдете во делот за ПРАВИЛА.

____________________________________________________________________________________________________________

ПРИЈАВИ ТИМ
Котизацијата за пријавување на тим е 20 евра по учесник.
Пример: Доколку вашиот тим се состои од 5 учесници потребно е да платите котизација од 100 евра на трансакциска сметка која е наведена во меилот за пријава.


За да пријавите тим потребно е да ги направете следните чекори:
Чекор 1 - пратeте меил на marketing@bistra.com со назнака УЧЕСТВО НА ММА 2019;
Чекор 2 – Ќе добиете повратен меил со ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО и информации за трансакциската сметка на која терба да ја платите котизацијата;
Чекор 3 – Внимателно прегледајте ја ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО и пополнете ја според правилата кои се наведени во неа;
Чекор 4 – Пратете ја пополнетата ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО со скенираната потврда за плаќање на котизацијата на marketing@bistra.com;
Чекор 5 – Нашиот тим ќе ја прегледа вашата пријава и доколку се е во ред ќе добиете потврден меил за учество во ММА 2019
Чекор 6 – Искористете го престојното време до настанот за да се подготвите за предизвиците кои со сигурност ќе ги предизвикаат сите ваши сетила и физички способности;

Рокот за пријавување на тимови е до 01 Јуни.


НАПОМЕНА: Сместувањето како и трошоците за храна не се покриени од организаторот, но ќе бидат понудени промотивно ниски цени за сместување со појадок во хотелите на Ресорт Маврово како и храната на пунктовите за пикник.