1.Информации за настанот

Mavrovo Maximum Adventure кој го организира Скијачкиот центар Заре Лазаревски е настан со долгогодишна традиција и претставува еден од најпредизвикувачки аматерски спортски настани во нашата земја. Настанот се одржува од 7-9 јуни на терените на Скијачкиот центар и Мавровското езеро и е наменет за компаниите и организациите од Македонија и од странство. Овој настан претставува одлична можност за тим билдинг со спортски карактер каде учесниците се натпреваруваат во адреналински спортови и авантуристички игри.

2.Право на учество

Право на учество имаат сите компании и организации од Македонија и од странство. Тимот на секоја компанија или организација може да биде составен од вработени или бизнис соработници. Секоја компанија или организација потребно е да ги запазат следните правила при пријавувањето:

Ø  Секој тим мора да биде составен од 4-6 вработени или соработници на компанија

Ø  Потребно е да се плати партиципација од 20 еур за секој член од тим

Ø  Секоја компанија или организација може да пријави еден или повеќе тимови

Ø  Еден тим мора да учествува во минимум 5 спортови

Ø  Еден член од тимот може да учествува во повеќе спортови

Ø  Тимот мора да содржи барем еден учесник од женски пол

Ø  Забрането е учество на професионални натпреварувачи во дисциплините во кои тие се имаат професионално натпреварувано

3.Услови за учество

Учеството  на Mavrovo Maximum Adventure  е право на сите полнолетни физички лица жители на Р.Северна Македонија или пошироко кои ги прифакаат и исполнуваат условите од овие ПРАВИЛА.

4. Sport Challenge и Аdventure Games

Mavrovo Maximum Adventure се состои од 2 дела. Првиот дел е Sport Challenge  и во него учесниците може да се натпреваруваат во следниве спортски дисциплини:

Ø  Кајак - оваа дисциплина е во организација на Скијачкиот центар Заре Лазаревски. За оваа дисциплина потребно е по 2-ца учесници од секој тим. Возењето на кајак е во должина од 150-200 метри. Дисциплината е со тежински левел* – лесно;

Ø  SUP даска - оваа дисциплина е во организација на Скијачкиот центар Заре Лазаревски. На оваа дисциплина учествува по 1 учесник од секој тим. Возењето на SUP даска е во должина од 20-50 метри. Дисциплината е со тежински левел* – средно;

Ø  Стрелаштво - оваа дисциплина е во организација на МIKEI. На оваа дисциплина може да учествуваат по 2-ца учесници од тимот. Дисциплината е со тежински левел* – лесно;

Ø  Планинско трчање - оваа дисциплина е во организација на Скијачкиот центар Заре Лазаревски. Учесниците се поделени на две категории:машки дел и женски дел. Должината на патеката е 3,8 километри. Дисциплината е со тежински левел* – средно;

Ø  Планински велосипедизам - оваа дисциплина е во организација на Скијачкиот центар Заре Лазаревски. Учесниците се поделени во две категории:машки и женски. Машките се натпреваруваат на патека кој е долга 7,6 километри, додека женските се натпреваруваат на патека во должина од 3,8 километри. На оваа дисциплина може да учествуваат најмногу 4-ца учесници од секој тим. Дисциплината е со тежински левел* – средно;

Ø  Стреличарство - оваа дисциплина е во организација на Валсодар. На оваа дисциплина може да учествуваат најмногу 2-ца учесници од секој тим.

Ø  Hercules toss оваа дисциплина е во организација на Скијачкиот центар Заре Лазаревски.  Натпреварувањето опфаќа фрлање на греда во далечина каде право на учество има само по 1 учесник од секој тим.  Дисциплината е со тежински левел*-средно.

Ø  Warrior Race - оваа дисциплина е во организација на Скијачкиот центар Заре Лазаревски и опфаќа 150 метарска трка со препреки. Дисциплината е со тежински левел* – тешко;

Ø  Комбат арена -  оваа дисциплина е во организација на Скијачкиот центар Заре Лазаревски и опфаќа натпреварување во гаѓање на мети со чатал.

За сите горе наведени спортови организацијата обезбедува реквизити за нивна изведба, освен за планински велосипедизам. За планинскиот велосипедизам потребно е секој пријавен во таа дисциплина да обезбеди свој велосипед и заштитна кацига.

Доколку учесникот се појави на стартна капија без заштитна кацига нема да му биде дозволено учество во трката.

Adventure Games

Овие игри се тимски игри кои имаат за цел да го зголемат тимскиот дух, комуникацијата, како и одредени поединечни особини кај учесниците низ одредени активности. Секоја игра се одигрува со два тима исто времено, каде на секој тим му се мери времето за кое ќе ја заврши играта. Секој тим ќе има можност да одигра 8 игри, каде од секоја игра се споредуваат резултатите и се бодираат според бодовната табела. Најважно од се е тимот да има добра стратегија како и добар распоред на тимот во секоја игра за секоја активност.

5.Користење на лични податоци

Организаторот на Mavrovo Maximum Adventure собира и обработува лични податоци на учесниците на настанот за целите на организација евиденција и одржување на настанот.

Oрганизаторот ги обработува следните категории  лични податоци на учесниците - физички лица:

- Име и презиме
- Телефон
- Адреса


- е-маил
- Крвна група

Организаторот има право да ги користи и обработува личните податоци на учесниците исклучиво за целите на настанот кој го организира.

Организаторот има право личните податоци на учесниците да ги користи и за исполнување на обврски утврдени со Закон, како и во своите идни активности  за директен маркетинг, но по претходно добиена писмена согласност од страна на учесниците на настанот.

Дадената писмена согласност за користење на личните податоци за маркетиншки цели, учесникот има право да ја отповика во секој момент, со доставување на барање на е-маил :events@bistra.com, врз основа на кое барање личните податоци на учесниците ќе се исклучат од понатамошното користење за маркетиншки цели.

Организаторот се обврзува дека ќе ги обработува и чува податоците во согласност со Законот и останатите прописи  за заштита на лични податоци.

Личните податоци со кои организаторот се стекнал за време на настанот ќе се уништат по исполнувањето на целите за кои се собрани, а најдоцна во рок од 3 месеци од завршувањето на настанот. Чувањето  и уништувањето на податоците ќе се изврши во согласност со прописите за заштита на личните податоци. 

Секој учесник потпишува посебен формулар –ИЗЈАВА- за согласност за обработка на личните податоци.

Организаторот се обврзува дека нема да ги пренесува личните податоци на учесниците на трети лица освен доколку тоа е потребно за исполнување на целите на настанот кој го организира.

6.Одговорност

Секој учесник потпишува Изјава која претставува согласност дека на Mavrovo Maximum Adventure учествува на сопствена одговорност.

7.Важност на Правилата на игра

Овие правила важат за времетраење на настанот. Со учеството на Mavrovo Maximum Adventure секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.

8. Начин на бодување

Во овој настан бодувањето за Sport Challenge и за Adventure games е ист, односно се добиваат различни поени од 1 до 10-то место од секоја дисциплина или игра. Секое место ги носи следните поени:

1 место – 20 поени


2 место – 16 поени


3 место – 12 поени


4 место – 10 поени


5 место – 8 поени


6 место – 6 поени


7 место – 5 поени


8 место – 4 поени


9 место – 3 поени


10 место – 2 поени

Во спортските предизвици, доколку од еден тим двајца членови освојат место кое носи поени во иста дисциплина, тогаш во вкупниот собир на поени за тимска победа се брои само подобриот резултат.

Пример: доколку првиот член од тимот во дисциплината стрелаштво освоил 2 место, а исто така друг член од истиот тим во дисциплината стрелаштво освоил 5 место кое носи соодветни поени според табелата, во резултатот се земаат само поените од 2 место.

На крајот од настанот, се собираат сите поени освоени од спортските предизвици од првиот ден како и од авантуристичките тимски игри од вториот ден и се избира само еден ТИМ ПОБЕДНИК, оној кој има вкупно најмногу освоени бодови.

9.Важност на Правилата на игра

Овие правила важат за времетраење на настанот. Со пополнување на пријавата за  учеството на Mavrovo Maximum Adventure секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.

10.Право на приговор

Секој незадоволен учесник на настанот има право на писмен приговор или рекламација до организаторот на настанот во рок од 3 дена по завршување на настанот а на кој приговор мора да добие писмено известување во рок од 30 дена од денот на приемот на приговорот.