Вториот ден од Mavrovo Maximum Adventure се состои од забавни игри кои се наменети да го подобрат тимскиот дух, а во кои најважна е снаодливоста, интелегенцијата и агилноста при совладување на препреките.
"Adventure Games" се состојат од неколку игри, секоја различна, каде учесниците ќе имаат задача заедно да ги совладаат препреките и да ја завршат секоја од игрите во најбрз временски рок. За секоја игра секој тим сам одлучува за тоа кој од екипата ќе учествува во предизвикот.