MMA logo

SPORT CHALLENGE

Секоја од спортските дисциплини е направена и организирана од страна на професионални спортски друштва кои се долгогодишни експерти во својата област. Сепак тежината на спортовите е наведена и класифицирана според карактеристиките на аматерско натпреварување.

 

MMA icons

Кајак на мирни води

Должина:  од 200 до 400м

Тежина: Лесно

Оваа дисциплина е наменета за двајца. Тие имаат за цел да поминат од 200 натпреварувачи. Тие имаат за цел да поминат од 200 до 400 метри обележана патека со најдобро време пред останатите тимови. Организаторот обезбедува соодветна опрема, кајак двосед и весло,  како и тим кој ќе се грижи за вашата безбедност. Управувањето со кајаците е мошне лесно и забавно.

SUP Даска

Должина: од 100 до 200м
Тежина: Лесна

Оваа дисциплина е наменета за еден натпреварувач. Натпреварувачите имаат за цел да поминат од 100 до 200 метри обележана патека со најдобро време пред останатите тимови. Организаторот обезбедува  соодветна опрема, даска и весло тим кој ќе се грижи за вашата безбедност. Управувањето со SUP даските е мошне лесно и забавно. Натпреварувањето ќе се одржи во вода со мала длабочина.

Стрелаштво

Изведувач : Стрелачки клуб „Микеи“

Тежина: Лесна

Оваа дисциплина е наменета за еден натпреварувач. Натпреварувачите најпрво имаат пробно натпреварување каде стекнуваат почетно искуство за користење на опремата. Потоа следи втор круг, од кој само од него остварените резултати се рангираат и бодуваат. Организаторот обезбедува соодветна опрема, воздушна пушка и диаболи со соодветен инструктор, додека натпреварувачите потребно е да носат нормална спортска опрема според нивна желба.

Стреличарство

Изведувач: Стреличарски клуб „Валсодар“

Тежина: Средна

Оваа дисциплина е наменета за еден натпреварувач. Натпреварувачите најпрво имаат пробно натпреварување каде стекнуваат почетно искуство за користење на опремата. Потоа следи втор круг, од кој само од него остварените резултати се рангираат и бодуваат. Организаторот обезбедува соодветна опрема, лак и стрела за стреличарство со соодветен инструктор, додека натпреварувачите потребно е да носат нормална спортска опрема според нивна желба.

Ground darts / жени

Изведувач: Ски Центар Маврово

Тежина: Лесно

Натпреварувачот најпрво има пробно фрлање на две "ракетки" со цел да стекне почетно икуство за користење на опремата а потоа со наредните три . Поставени се соодветни мети за овој спорт кои се поставени на различна местоположба и далечина од местото на фрлањето. Секоја мета носи различен број на поени. Организаторот обезбедува соодветна опрема, додека натпреварувачите потребно е да носат нормална спортска опрема според нивната желба.

Планинско трчање

Должина: 3,8 км (дисциплината е во две групи - мажи и жени)

Тежина: Средна

Висинска разлика: 200м

Макс. нагиб: 35%

Прос. нагиб: 9,2%

Оваа дисциплина е наменета за еден натпреварувач. Натпреварувачите се натпреваруваат во планинско трчање каде патеката е долга 3,8км и е обележана на ниски планински нагиб, наменета за аматерско натпреварување. По самата патека се поставени обележани места за освежување за време на трката. За оваа дисциплина потребно е само натпреварувачот да има соодветна опрема според неговата желба. Натпреварувачите тргнуваат во исто време, со тоа што одделно се бодуваат мажите, а одделно жените.

Планински велосипедизам

Изведувач: Велосипедски клуб „ENERGY“

Должина: 7,6 км за мажи, 3.8км за жени

Тежина: Средна

Висинска разлика: 400м

Макс. нагиб: 35%

Прос. нагиб: 9,2%

Оваа дисциплина е наменета за еден натпреварувач. Натпреварувачите се натпреваруваат во планински велосипедизам каде патеката за мажи е долга 7,6км а за жени 3,8км и е обележана на ниски планински нагиб, наменета за аматерско натпреварување. По самата патека се псотавени обележани места за освежување за време на трката. За оваа дисциплина секој натпреварувач потребно е да си носи своја опрема (велосипед и спортска опрема). Натпреварувачите тргнуваат во исто време, со тоа што одделно се бодуваат мажите, а одделно жените. Организаторот за оваа натпреварувачка дисциплина доколку е потребно и по барање на учесниците, може да изврши транспорт на велосипеди од точно одредена локација во Скопје до Маврово и назад.

Warrior Race

Должина: од 100м до 200м

Тежина: Средна

Оваа дисциплина е наменета за еден натпреварувач и е со забавен карактер. На патеката се поставени е со забавен карактер. На патеката се поставени препреки (дрво, јаже, гума, мрежа) кои натпреварувачите треба умешно да ги поминат и ја завршат трката за што е можно пократко време. Трката ќе се бодува поединечно, односно ќе се одржи во машка и женска категорија. 

Hercules toss / мажи

Изведувач: Ски Центар Маврово

Тежина: Средна

Оваа дисциплина е наменета за еден натпреварувач. Секој натпреварувач најпрво има пробно фрлање каде стекнуваат почетно искуство за користење на опремата. Потоа следи втор круг, од кој само од него остварените резултати се рангираат и бодуваат. Организаторот обезбедува соодветна опрема и заштита при изведба на спортот, додека натпреварувачите потребно е да носат нормална спортска опрема според нивна желба.

  • Move One
  • Micei
  • Nissan
  • Karas
  • Diners Club
  • Gorska